Рускиот тенисер Данил Медведев ќе ја брани титулата на завршниот турнир во сезоната, кој денеска во првото полуфинале во Торино го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 6:4, 6:2, по само 80 минути игра.
Решавачкиот брејк Медведев во првиот сет го направи во третиот гем, иако во петтиот гем пропушти уште две брејк можности за поубедливо водство.
Во вториот сет немаше брејкови до петтиот гем и резултатот беше 2:2, по што Медведев освои четири гема и се пласираше во финалето.
Медведев за титулата ќе се бори против победникот од второто полуфинале во кое вечерва ќе се сретнат Србинот Новак Ѓоковиќ и Германецот Александар Зверев.