Една училница и дел од ходникот биле опожарени во пожар кој се случил вчера во училиште на улицата „Ферид Бајрам“ во Скопје.
„Во тој дел од училиштето во моментот немало ученици, а пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита“,велат од МВР.
Пожарот бил пријавен вчера во 13:40 часот и за среќа, нема повредени.