„Терапијата против ковид е смрт“, „вакцината е отров“, „НЕ за задолжителна вакцинација“… беа дел од пораките кои вечерва беа упатени кон надлежните на протестот кој се одржа пред Собранието, по најавените коивд-мерки.
-Протестираме против новите мерки, загрозени се човековите права бидејќи немаме голем избор, или вакцинација или трошоци за постојано правење на ПЦР-тестови кои чинат околу две илјади денари,вели една од учесничките на протестот.
Во говорите на протестот покрај упатените пораки дека никој не смее да бара задолжителна вакцинација имаше и говори во кои беа посветен на теориите на заговор со вакцините и коронавирусот.
Комисијата за заразни болести на Владата ѝ предложи да донесе одлука во јавниот сектор да биде задолжително при доаѓање на работа да се покаже сертификат за примена вакцина против ковид-19 или да се прикаже негативен ПЦР тест не постар од 72 часа направен на трошок на вработениот кој не сака да се вакцинира.Воедно новите мерки предвидуваат и задолжителна вакцинација кај здравствените работници.