Зошто дуњата е идеално есенско овошје?

од Берта Китинска
443 прегледи

Боите на есента носат многу вкусни и здрави плодови.

Сезонските растенија се полни со витамини и минерали, богати со состојки чија улога е да го зајакнат нашиот имунитет, да ги надминат промените и состојбите на организмот предизвикани од нив и да го подготват телото за зима. Добриот избор на храна влијае на подобар квалитет на сонот, нивото на физичка активност, концентрацијата и помага да се спречи замор на природен начин. Една таква храна е дуњата.

Овој вкусен плод има многу лековити состојки. Дуњата припаѓа на исто семејство на растенија како јаболката и крушите. Ретко се консумира свеж, но од дуњата може да се направи вкусен сок, компот, џем, ликер или слатко. Еве кои се причините зошто треба да се консумираат миризливите дуњи секогаш кога имате прилика:

Помага при слабеење

Дуњата содржи малку калории, сол и масти, но има многу влакна и витамин Ц. Затоа е одличен избор за секој кој сака да ја регулира својата телесна тежина.

Добри се за варење

Дуњите можат да помогнат во лекувањето на чир на желудникот, дијареа и варење. 3

 Влијае на здравјето на срцето

Дуњата содржи пектин кој го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта. Затоа ова овошје е одлично за спречување на затнати артерии. Калиумот во дуњата го намалува крвниот притисок, а витаминот Ц кој го има во дуњата исто така благотворно делува на здравјето на срцето.

Поволно делува на крвта

Високата содржина на железо во дуњата спречува анемија и благотворно делува на крвната слика.

Одлично за зајакнување на имунитетот

Витаминот Ц во дуњата му обезбедува на организмот одлична заштита од инфекции и го зајакнува имунолошкиот систем.

Слични содржини