Манчестер Јунајтед остана без тренер, бидејќи Оле Гунар Солскјер доби отказ, но веќе се споменуваат нови имиња во црвениот дел на Манчестер.
Најпознатото име што се споменува е Зинедин Зидан. Французинот во кариерата беше тренер само на Реал Мадрид, каде што соработуваше и со Кристијано Роналдо.
Знаејќи дека ниту Португалецот не ги обезбедува партиите кои се очекуваа од него, ова може да биде добра вест и за него.
Покрај Зидан, за „Олд Трафорд“ се поврзуваат и Брендан Роџерс, Ерик тен Хаг и Хулен Лопетеги.
Тен Хаг беше тренер на Дони ван де Бек во Ајакс, кој според многумина е неправедно запоставен во Јунајтед. Дони беше стрелец на последниот гол за Јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер.
Кој и да дојде ќе има тешка задача. Титулата во Премиер лигата сигурно е веќе изгубена, откако „црвените ѓаволи“ заостануваат цели 12 бода зад водечкиот Челси.
Она што барем малку може да радува е фактот што Јунајтед се уште е прв во групата во Лигата на шампионите, но му претстојат уште дуели против Виљареал и Јанг Бојс, кои ќе одлучат кои екипи ќе одат во нокаут фазата.