Димитриевски одговори дали ќе се кандидира за лидер на СДСМ: „Сите опции се отворени“

од Берта Китинска
435 прегледи

Очекувам оставката на Заев да биде реализирана, кажа градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски  во Дневникот на Сител ТВ.

„За жал, голем дел на луѓе од опкружување  на Заев кои можеби беа туторите на главните политики во партијата се уште молчат, а тие треба да излезат јавно и да сносат одговорност, како тоа СДСМ од една добра позиција, дојде во една таква состојба. Не можам да предвидам што ќе се случува, можам отворено да кажам што не сакам да се случи. Не сакам да се случи да избереме лидер марионета. Не сакам да се случи да избереме раководство коешто ќе биде во функција на некого или на поранешното раководство. На СДСМ му е потребен сериозен тим на луѓе кои ќе продолжат да анимираат сериозни позитивни политики за граѓаните и државата“, кажа Димитриевски.

Димитриевски потенцираше дека членството е тоа коешто согласно статутот избира лидер и членството треба да одлучи кој ќе биде следниот лидер на СДСМ.

„Никогаш не сум го кажал тоа во јавноста дека имам такви амбиции. Еднаш мислам дека реков кај вас во студио дека човек без амбиции не треба да се занимава со политика, но, во овој момент не размислувам за такво нешто, иако сите опции се отворени, бидејќи членството е тоа кое во внатрепартиска постапка треба да го даде своето видување и мислење. СДСМ е многу голема политичка партија, вели Димитриевски.

Слични содржини