Фаучи ги повика вакцинираните Американци да примат „бустер“ доза против ковид

од Берта Китинска
273 прегледи

Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, ги повика Американците кои веќе се целосно вакцинирани против Ковид-19 да ја примат „бустер“ дозата за да се зачува оптималната заштита од коронавирусот“, пренесува Гласот на Америка.

Според податоците од владиниот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), од 196 милиони целосно вакцинирани луѓе во Соединетите држави, 34  милиони добиле дополнителна доза, додека околу 60 милиони луѓе остануваат невакцинирани против коронавирус.

Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести и главен медицински советник на претседателот Џо Бајден, за време на гостувањето во емисијата „Оваа недела“ на ABC рече дека „нема двосмисленост“ кога станува збор за потребата да се земе засилувачка доза.

Фаучи рече дека бустерите им даваат на луѓето „подолг рок на заштита“, иако не е јасно дали оние што биле вакцинирани можеби ќе треба да продолжат да примаат бустери на секои шест месеци или една година.

Советодавниот одбор за ЦДЦ во петокот едногласно препорача зголемување на дозата на вакцината против Ковид 19 за сите постари од 18 години.

Бројот на заразени во САД повторно е во пораст, последниве неколку дена се регистрирани повеќе од 90 илјади. Фаучи вели дека зголемувањето не било неочекувано бидејќи станува постудено пред зимските месеци, а луѓето се повеќе се во своите домови и во затворени простории.

Слични содржини