Најдобро е Заев да биде тука на чело на партијата и владата, вели во изјава за Утрински Брифинг министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Јас милам дека во овој дел во одлуката за оставка од морален чин мора и треба да се разбере како одлука. Знаете Заев носеше одлуки кои на почетокот не беа сфатени. Најдобро е тој да биде тука и во владата и во партијата, но поради моралната поставеност не знам дали е тоа возможно. Одлуката не треба да се носи врз тоа дека на некого му е преседнато. Нападите се основани или неосновани, но тоа не треба да биде причина за заминување. Прашањето за Заев што тој е сврзното ткиво. Една ваква сериозна коалиција со јасни стратешки цели кон евроинтеграции, со концепт „едно општество за сите“ има потреба од Заев. Тој ги обединвуа структурите и во партијата и во коалцијата, дециден е министерот Спасовски.