205
Во железничка сообраќајна несреќа во Битола тешко повредени се две деца, а нивната мајка се здобила со лесни телесни повреди.
Незгодата, како што потврдија за МИА од Железници на РСМ, се случила околу 08.06 часот изутрината во градското подрачје во населба „Карпош“, во непосредна близина на ОУ „Коле Канински“ во овој град, каде од досега непознати причини се судриле моторно возило и локомотива.
Во железничката сообраќајна несреќа повредени се децата на возраст од 2 и 5 години кои биле хоспитализирани во Клиничка болница-Битола, но здравствените власти посочуваат дека двегодишното дете ќе биде транспортирано на клиниките во Скопје.