Јанев ги посетил повредените во несреќата на автопатот Струма, состојбата на пациентите е стабилна

од Vladimir Zorba
272 прегледи

Премиерот на Бугарија, Стефан Јанев ги посетил седумтемина повредени во тешката сообраќајка на автопатот Струма во болницата Пирогов. Ова го соопшти прес-центарот на официјалниот кабинет.

Состојбата на пациентите е стабилна, контактибилни се и вон животна опасност. За ова премиерот го информираа директорот на здравствената установа проф. Иван Поромански, раководителот на Клиниката за изгореници и пластична хирургија проф. Маја Аргирова и раководителот на Клиниката за трауматологија проф. Дијан Енчев, пренесе БТА.

Премиерот разговарал со жртвите, изразувајќи длабоко сочувство за страшниот инцидент и посакајќи им брзо закрепнување.

Жртвите не се македонски државјани. Шестмина се со изгореници, а еден пациент има повреда на ногата. По извршен преглед и проценка на нивната состојба, тие се сместени на следење во Одделот за изгореници на „Пирогов“, посочуваат од прес-службата на кабинетот.

Патничкиот автобус, кој синоќа се запали на автопатот Струма и во кој загинаа 45 лица, бил во сопственост на тетовскиот превозник Беса транс, објави „Слободен печат“, повикувајќи се на свои извори.

Се работи за патување до Истанбул, а автобусот бил во транзит низ Бугарија.

Слични содржини