„Се слушна голема експлозија пред несреќата“, му рекол на Заев еден од преживеаните

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев изјави дека еден од преживеаните од автобусот, кој рано утринава се запали во Бугарија, му рекол дека слушнал експлозија пред пламените јазици да го проголтаат возилото.

– Стапив во контакт со еден од луѓето кои преживеаа, а тој објасни дека слушнале голема експлозија пред несреќата. Неколку лица успеале да ги скршат стаклата и да се спасат – рече Заев за „Утрински брифинг“.

Според информациите, 45 лица загинаа кога автобус со македонски регистерски таблички се запали на автопат во западна Бугарија.

Несреќата ја преживеале седум патници, кои се згрижени во болница во Софија и сега се надвор од животна опасност.

Слични содржини