Русковска: Сопственикот кажа дека 20 години има транспортна фирма и досега немале никаков инцидент

од Берта Китинска
441 прегледи

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски и обвинителката Вилма Русковска утрово пристигнаа на местото на несреќата на автопатот „Струма“.

Јовески, изрази задволство за заедничката соработка со бугарското обвинителство.

– Станува збор за голема трагедија, особено кога се загинати 12 деца. Јас сум задоволен од досегашната соработка со Обвинителството во Бугарија. Долги години имаме професионална соработка и верувам дека професионално ќе ги разјаснат сите околности во овој настан. Ние ќе дадеме помош во делот на обезбедување документација, идентификување на настраданите и се она што е потребно во истражувањето, кажа Јовески.

Шефицата на Одделот за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека сопственикот на превозната фирма се наоѓа на местото на настанот.

-Тука се наоѓа и сопственикот на превозната фирма, кажа дека 20 години има транспортна фирма и до сега немале никаков инцидент. Но, ќе ја обезбедиме целокупната документација за сите автобуси, односно кога се регистрирани и кога биле на технички преглед и ќе ги препратиме до бугарските колеги, истакна Русковска.

Слични содржини