Националниот координативен центар за гранично управување информира во Република Бугарија ќе биде дозволен влез за сите блиски роднини на настраданите лица во тешката сообраќајна несреќа без разлика дали поседуваат документ поврзан за мерките за заштита од пандемијата со Ковид-19.

Одлуката за измена на протоколот е донесена попладнево.

Шефот на бугарската дипломатија претходно денеска ја пречека владината делегација од Република Северна Македонија во болницата Пирогов, каде ги посети настраданите во тешката сообраќајна несреќа.

„Министерството за надворешни работи, како и бугарската амбасада во Скопје, се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи на РСМ и нејзиното дипломатско претставништво во Софија. Побаравме од надлежните бугарски институции да обезбедат приоритетен и непречен влез во Бугарија на роднините на загинатите и повредените, како и на претставниците на медиумите на Република Северна Македонија во поглед на хуманитарниот аспект на случајот“, информираат од бугарското МНР.

 

Слични содржини