Српски државјанин, и покрај повредите, помогнал во евакуација на патниците од изгорениот автобус

од Nikola Popovski
315 прегледи

Амбасадорот на Србија во Бугарија, Жељко Јовиќ го посетил во болница српскиот државјанин Љуљзим Сулејмани, кој утрово бил повреден во тешната автобуска несреќа кај Софија.

– И покрај повредата, помогна во евакуацијата на патниците! Добро се чувствува, редовно ќе го посетуваме – се наведува во соопштението на Амбасадата, објавено на Твитер.

За потсетување, најмалку 46 лица, меѓу кои 12 деца, загинаа кога автобус со македонските регистарски таблички, на компанијата „Беса Транс“ се запали на автопат во западна Бугарија.