Бугарска новинарка: Има информација дека немало втор возач во автобусот

од Nikola Popovski
355 прегледи

Според првичните информации на бугарските медиуми имало гориво во автобусот кое е купено од Турција каде е поевтино отколку во Македонија и Бугарија. Тоа гориво се запалило и е една од причините за несреќата, вели бугарската новинарка Патриција Кирова во изјава за ТВ 21, околу денешната трагична автобуска несреќа,

Според неа, нема траги на кочење, што значи возачот изгубил контрола над возилото.

-Има информација дека немало втор возач во автобусот. За таков пат од Истанбул до Македонија би требало да има  уште еден возач. Ако едниот е уморен за да одмори, другиот треба да го смени, додава Кирова.

Слични содржини