176
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска упати изрази на сочувство до граѓаните на Северна Македонија и на Бугарија поради загубените животи на голем број луѓе во автобуската несреќа во близина на Софија и пожарот во домот за стари и изнемоштени лица во Бугарија.
– Стејт департментот и американскиот народ изразуваат длабоко сочувство до граѓаните на Северна Македонија и на Бугарија поради трагичната загуба на животи во денешната автобуска несреќа и вчерашниот пожар во дом за стари и изнемоштени лица. Нашите срца се со сите ужалени, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша Блинкен на Твитер.