Бугарските европратеници со едноминутно молчење изразија сочувство за жртвите во страотната автобуска несреќа пренесуваат бугарските медиуми.
Во соопштението тие изразуваат сочувство за автобуската несреќа која однесе 46 животи.
Минутата молк е одржана и за деветте жртви од пожарот во старечки дом кој се случил во Бугарија и во кој загинаа девет лица.
„Пратениците изразуваат искрено сочувство до семејствата и блиските на граѓаните на Бугарија и на Република Северна Македонија и им посакуваат брзо закрепнување на повредените жртви“, стои во соопштението на бугарските европратеници.