Бектеши: Целосна поддршка за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј

од Берта Китинска
219 прегледи

Давам целосна поддршка на одлуките за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, пишува на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши по повод одлуката на Управниот одбор на АД ЕСМ за кадровски промени со кои се разрешени директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј.

-Како надлежна институција во областа на енергетиката Министерството за економија во континуитет бара одговорно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите. Нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година. Нема да има рестрикции на електрична енергија. Посветено ја следиме работата енергетските компании!, напиша Бектеши.

Од АД ЕСМ денеска информираа дека на седницата на Управниот одбор е донесена  одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј.

-Разрешен е директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана.

Во РЕК Осломеј разрешен е директорот Златко Пиперкоски и на негово место за в.д. директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.Во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза, соопштијa од ЕСМ.

Слични содржини