Јунајтед преговара со Валверде

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Манчестер Јунајтед е во преговори со бројни стручњаци за позицијата привремен менаџер.

По отказот на Оле Гунар Солскјер, тимот го предводеше Мајкл Керик на гостувањето кај Виљареал, а Јунајтед славеше со 2:0.

Сепак, челниците на клубот бараат привремено решение, поточно стручњак кому би му било дозволено да го води тимот до крајот на сезоната.

Керик е на функцијата до именувањето на привремен менаџер, а кога тоа ќе се случи засега никој не знае.

Во меѓувреме, островските медиуми пренесуваат дека Маурисио Почетино е подготвен да го преземе кормилото на Јунајтед, но да не брза со тоа, поточно дека повеќе би сакал да го направи тоа на лето, на крајот на сезоната.

Тоа е и причината поради која се водат разговори со други тренери.

Челниците на клубот од „Олд Трафорд“ веќе стапиле во контакт со поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде, но и со поранешниот тренер на Рома и Лион, Руди Гарсија.

Се верува дека на листата од пет кандидати за привремен менаџер се и Лоран Блан и Стив Брус.

Слични содржини