Д-р Никола Пановски смета дека новите предлог-мерки против Ковид-19 што ги најавува Министерството за здравство, се еден вид кампања за вакцинација, но жал за изостанала стимулативната и едукациската.
-Не знам што останавме без такви кампањи. Ова е присилна вакцинација и ги ограничува правата на граѓаните. Европскиот суд за човекови права вели дека тоа може да се направи, но прво мора да има закон. Постојат задолжителни вакцини за здравствените работници, кои што не ги примиле сите и никој не бил казнет или опоменат. Постојат протоколи за специјални професии. Спорно е зошто овие мерки ќе важат само за јавните установи. Треба за сите да бидат. Некој работи во ЕСМ и Водовод и треба да прими вакцина, а некој работи во Т-Mobile и не мора да прими вакцина. Мерките не треба да бидат пререстриктивни, ако нема потреба, потенцира Пановски во емисијата „Само вистина“.