Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, направи забивање против Мајами кое можеби ќе беше прогласено за најдобро во сезоната, но, за негова несреќа, не беше признаено поради прекршок во нападот!
Имено, Едвардс практично го прелета Гејб Винсент и го испрати на подот, најверојатно ќе заврши на постер, но не како официјални поени, со оглед на тоа што судиите свирна фаул во напад.
Поточно, еден судија кој брзо стана предмет на анализа и многу кошаркарски експерти во САД сметаат дека погрешил. Сепак, тој не ја промени одлуката ниту на теренот – иако протестираа во Минесота.
Ако има некаква утеха за Едвардс, тој имаше ноќ за паметење во триумфот на неговиот тим со резултат 113:101. Тој имаше 33 поени и рекордни 14 скока. Бисли додаде 29 од клупата, а Расел мечот го заврши со 20 поени.
Replays of that Ant dunk pic.twitter.com/Z6hoA5g8cV
— Internet #BlackLivesMatter (@cjzero) November 25, 2021