Болница „Пирогов“: Повредените патници во автобуската несреќа се во стабилна состојба

од Берта Китинска

Жртвите од сообраќајката на автопатот Струма, кои беа сместени во „Пирогов“, се во стабилна состојба. Нема опасност по нивните животи, информираат лекарите од софиската болница за БТВ .

Вчера биле оперирани две лица кои исто така се во добра општа состојба.Повредените кои биле на интензивна нега се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија.

-Една од жртвите денеска треба да биде оперирана. Со оглед на шокот од она што се случи и тешките психички трауми  пациентите добија специјализирана психолошка поддршка од болницата.Се уште нема јасна прогноза кога може да се отпуштат од болницата, појаснуваат од  „Пирогов“.

Слични содржини