Директорот на судска медицина: Направени се 44 обдукции, но увидени се и остатоци од други тела

од Берта Китинска
344 прегледи

На местото на автобуската несреќа во Бугарија се пронајдени 44 тела и остатоци од тела, коишто ќе се поврзат со ДНК анализата, вели Директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков во изјава за МИА.

– Додека не заврши ДНК анализата не може да се утврди точниот број на настрадани лица. Направени се 44 обдукции, но увидени се и остатоци од тела коишто ќе се поврзат со ДНК анализата. Треба да почекаме да се испитаат овие остатоци и тогаш точно ќе видиме колку лица биле настрадани – изјави Станков.

Станков потврди дека кога ќе бидат готови извештаите од македонските лекари од судска медицина, кои овие денови беа во Софија, истите ќе бидат предадени на бугарските власти.

Портпаролот на главниот  бугарски обвинител Сиика Милева на денешната прес-конференција информираше дека при посетата на пациентите во болницата во „Пирогов“ добила информација од еден од повредените дека осум лица се спасиле од запалениот автобус.

-Јас бев на местото на несреќата, глетката на јагленосаните тела засекогаш ќе ми остане во спомен.Воедно тешко ми стана кога бевме во посета на повредените од сообраќајката.Јас разговарав со нив прашавме дали на некого му треба телефон, вода…но, тие веднаш прашаа каде им се роднините, едниот пациент си го побара синот. Во разговор со еден од повредените кој успеал да го скрши стаклото од автобусот ми беше кажано дека од несреќата се имаат спасено осум лица, но не знае каде е осмиот патник.Нашата екипа при истрагата утврди дека вкупно има 44 трупа, што потврдува дека од несреќата се спасиле осум лица.Сведокот истата информација ја потврди во разговор со Серафов дека осум лица се спасиле од автобусот, вели  Милева.

Слични содржини