Од интерес на сите нас е истрагата да биде кратка и ефикасна, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за ТВ24. Тој кажа дека набрзо ќе се дојде до податоците за причината, но истрагата треба да се прошири за да се покријат сите можни аспекти на еден ваков случај и да се утврди одговорност.
-Никој не треба да биде изоставен од одговорност, рече Спасовски
Прашан зошто е спора правдата во случајот „Ласкарци“ тој одговри дека проблемот во судството е ефикасноста.
-Во делот на одговорноста, тоа ќе придонесе за довербата на граѓаните во институциите. Верувам дека треба да имаме подобрување, затоа што се направија поместувања во правосудството, но треба многу повеќе да се одработи, кажа Спасовски.
Тој кажа дека Царинската управа веќе истражува како била помината границата без меѓународна лиценца на автобусот, но смета дека тука треба да се вклучат и обвинителите.
-Ако имаме ефикасен процес во кој ќе се утврди одговорност, тогаш и луѓето кои треба да постапуваат по законските решенија ќе треба да одговараат.