СДСМ и ДУИ поднесоа иницијатива за помош за настраданите во несреќата во Бугарија

од Nikola Popovski
286 прегледи

Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје попладнево информира дека советничката група на СДСМ, ДУИ и коалицијата во Советот на Град Скопје, денеска доставиле барање за свикување на итна седница на Советот, при што единствена точка на дневен ред би била помошта кон семејствата на нашите сограѓани кои загинаа во страшната автобуска несреќа во Бугарија.

-Го поздравуваме предлогот да се обезбедат два милиони денари за помош на семејствата на настраданите, секако треба да се види можноста тој износ дополнително да се зголеми. Сепак, не треба да се чека редовната седница на Советот, туку тоа може да се обезбеди и со вонредна седница за што денеска како советничка група поднесуваме иницијатива. Скопје е град на солидарноста, град кој подава рака секому кому му е потребна помош така е и сега, без да ги делиме луѓето по верска и етничка припадност, потенцира Јанчева.

Поранешиот скопски градоначалник, Петре Шилегов денес преку Фејсбук информираше дека исто така побарал од советничката група на СДСМ да соберат потписи за свикување на вонредна седница на Советот на Град Скопје, а по повод трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија.

Слични содржини