Јунајтед заинтересиран за српски напаѓач вреден 80 милиони евра

од Vladimir Zorba
372 прегледи

Душан Влаховиќ игра во неверојатна форма. Откако минатата сезона постигна 21 гол за Фиорентина, овој 21-годишен фудбалер на 14 натпревари постигна 12 гола.

Договорот на Влаховиќ со Фиорентина истекува во јуни 2023 година, а бидејќи тој одби да потпише нов, можно е да го напушти клубот веќе во зимскиот преоден рок, а доколку тоа не се случи, тогаш речиси е сигурно дека ќе замине следното лето.

Британски „Дејли Мејл“ пишува дека Манчестер Јунајтед е последен во низата великани кои се заинтересирани за него. Фиорентина за српскиот репрезентативец бара 80 милиони евра. Влаховиќ во Фиоренца е од 2018 година, а претходно стана најмладиот дебитант и стрелец во историјата на Партизан.

Интерес за него покажуваат Јувентус, Арсенал, Манчестер Сити и Тотенхем.
Италијанските медиуми пишуваат дека Фиорентина повеќе би сакала да го продаде Влаховиќ во странство отколку на домашниот ривал Јувентус, кој веќе го „киднапираше“ Федерико Киеза.

Слични содржини