Куман доби 10 милиони евра отпремнина од Барселона

од Vladimir Zorba
344 прегледи

Поранешниот фудбалски тренер на Барселона, Роналд Куман ќе добие 10 милиони евра отпремнина од клубот, пренесуваат шпанските медиуми. Куман доби отказ на крајот на октомври во каталонскиот гигант по серијата лоши резултати во Лигата на шампионите и шпанското првенство.

По поразот од Рајо Ваљекано, Роналд Куман доби отказ во Барселона, а на чело на стручниот штаб го наследи Чави Ернандез.

Договорот на Куман истекуваше во јуни 2022 година, а дотогаш требаше да заработи 12 милиони евра.

Тренерот кој во Барселона пристигна во времето на поранешниот претседател Хосеп Марија Бартомеу сакаше клубот да му ги исплати сите плати, но на крајот беше најдено компромисно решение.

Договорено е додатоците да ги добиваат и неговите помошници Алфред Шредер и Хенрик Ларсон, но не се знае колку ќе изнесуваат.

Слични содржини