Данскиот национален одбор за здравство препорача децата на возраст меѓу 5 и 11 години да можат да примаат вакцина против коронавирус, така што Данска е првата земја од ЕУ што го стори тоа.
Хелен Пробст, заменик-директор на Одборот, рече дека одлуката доаѓа во загрижувачки момент, кога расте бројот на случаи на коронавирус, додавајќи дека „се среде епидемија и историска здравствена криза“.
Одлуката на Данска доаѓа веднаш откако Европската медицинска агенција (ЕМА) препорача вакцината на Фајзер/Бионтек дека може безбедно да се користи кај деца постари од пет години, пренесува RT.
Пробст истакна дека децата не се изложени на висок ризик од Ковид-19, но дека нивната вакцинација ќе помогне да се заштитат нивните семејства и пријатели и дека на тој начин ќе се прекине „синџирот на инфекција“.
Таа додаде дека би било добро да се вакцинираат 70 отсто од децата на таа возраст.
Фото: Getty Images