Изгледаше веројатно дека до 14-ти декември ќе има влада во Бугарија. Сега преовладува друга дата до Коледе или Божиќ. Ќе остане во декември малку време, вели специјалниот преставник на владата за Бугарија и поранешен премиер Владо Бучковски за преговорите со Бугарија и одржувањето на првата Меѓувладина конференција.
Тој потенцира дека треба да се видат пораките што значат, затоа што и од бугарска страна, иако немаат влада, нивните ставови се дека треба нешто конкретно од Македонија на краткорочен план, а тоа што нема да се направи сега, долгорочно би се нашло во преговарачката рамка.
Бучковски изрази убедување дека следниот период ќе има поразличен пристап од бугарската страна во надминувањето на проблемот меѓу Скопје и Софија. Сепак, не прогнозираше со какви ставови би можело да излезат четирите политички партии во Бугарија кои ги водат разговорите за состав на новата влада.