СДСМ на 12 декември ќе бира нов лидер.
“Со поднесената оставка на претседателот Зоран Заев од челната функција одлучи дека е потребно да се почне постапка за избор на нов лидер. Изборите ќе се одржат на 12 декември, недела. Постапката за кандидирање почнува денеска и можат да се кандидираат сите членови на партијата кои ги исполнуваат критериумите. Зоран Заев останува активен член на СДСМ по оставката“, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска.
Според информациите во медиумите Заев за свој наследник го предложол Димитар Ковачевски, актуелен заменик министер за финансии.
Заев ги информирал членовите на Централниот одбор дека парламентарното мнозинство е стабилно, изнесува 61 пратеник, со можност да се зголеми дополнително во наредниот период, а Централниот одбор на СДСМ смета дека има простор за разговори за приклучување на партијата Алтернатива и за тоа останува пренесената надлежност на претседателот на партијата Зоран Заев.