Заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски најави дека ќе се кандидира за иден лидер на СДСМ.
Тоа се случи по утврдената оставка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и распишаните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември.
Инаку постапката за кандидирање на нов претседател на СДСМ започнува денес и ќе трае седум ден, а право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите согласно статутот на СДСМ.
Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат преку онлајн алатката. Активната регистрација започнува утре и ќе трае седум дена за што соодветно ќе информираме.