СДСМ воведе многу подемократско општество од претходно, и тоа се потврди на локалните избори со независни листи и кандидати. Оваа влада го воведе концептот „Едно општество за сите“ и тоа е обединување оти меѓуетнички инциденти веќе нема. Но, треба и обединување околу економијата и стандардот. Треба да се надминат и економската и енергетската криза, вели во Утрински Брифинг, Димитар Ковачевски кој е кандидат за наследник на Зоран Заев.
-СДСМ е најголема партија во државата и на партиските избори можат сите да гласаат, Ние имaме најдобар кадровски потенцијал. Сметам дека треба да се направи нов тим со вклучување нови луѓе кои ќе придонесат со својата енергија, вели Ковачевски.