Бизарен инцидент во Норвешка: Словенец го нападна својот голман и доби црвен (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
326 прегледи

Во неделата во Кристијансунд се одигра дербито од 28. коло на норвешката Елитсериен, во кое истоимениот домаќин беше поразен со 3:2 од Викинг од Ставангер. Викинзите дојдоа до пресврт со головите во 88. минута и во 3. минута од судиското продолжување во вториот дел.

Покрај доцнетиот гол, забележан е и бизарен инцидент во судиското продолжување. Откако падна голот, дошло до физичка пресметка меѓу голманот на Викинг, Патрик Гунарсон и 22-годишниот словенечки стопер Давид Брекал, неговиот соиграч.

Словенецот двапати го оттурнал својот колега, а судијата за тоа му покажа црвен картон во 5. минута од судиското продолжување. По прегледувањето на снимката стана јасно дека исландскиот голман симулира. Брекал го турна, но во пределот на градите, а Гунарсон се фати за лице.

Сепак, одлуката остана бидејќи ситуацијата не беше разгледана на ВАР, туку само во емисијата по натпреварот.

Слични содржини