Во Основното јавно Скопје се води предистражна постапка, но не се испитуваат причините за автобуската несреќата во Бугарија туку другите аспекти. И мене ме интересира тоа. 135 пати тој автобус само годинава излегол надвор од границите на државата без лиценца за меѓународен транспора. Да почекаме до каде ќе дојде предистагата па ако има докази ќе го го преземеме случајот, вели шефицата на специјалното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.
Таа нагласи дека можно е случајот со запалениот автобус во кој загинаа 45 македонски граѓани да продолжи во Македонија.
-Не се готови сите вештачења и анализи на колегите од Бугарија. Навистина нафтата многу тешко се пали. Но возможно е да имало многу искри, искричења, удира автобусот во десната, па во левата и пак во десната банкина и можно е да имало многу искричења, смета Русковска.
Русковска нагласи дека Обвинителството има навистина добра соработка со бугарските колеги.
-Една од причините поради која јавниот обвинител ме зеде мене во Бугарија е што јас имав претходна добра соработка со бугарските колеги, рече Русковска.