ЈСП со детали за пожарот: Возачот на автобусот забележал димење од задниот дел, запрел и патниците излегле

од Берта Китинска
231 прегледи

Запалување на електрична инсталација во моторниот дел на автобусот е причина за вчерашниот пожар поради која се запали градски автобус  на булеварот „Трета македонска бригада“, во близина на „Раде Кончар“, велат за Локално од ЈСП.

-Во моментот кога се случил пожарот, во возилото се превезувале четириесетина патници.Возачот на ретровизор забележал димење од задниот дел на возилото, запрел и патниците излегле, односно благодарение на присебноста на возачот, нема повредени патници, објаснуваат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека причинета е само материјална штета и дека во моментов се прави проценка на висината на штетата.

-Сите возила на ЈСП Скопје се подложни на редовен технички преглед два пати годишно.Инаку, секое возило на ЈСП Скопје вклучено во јавниот превоз по враќање од линија, е подложно на преглед и евентуално неопходен сервис, што значи, практично, возилата се подложни на преглед секојдневно, посочуваат од ЈСП.

Пожарот се случи во возило „Јутонг“ кое сообраќало на линија 7, на булевар „Трета македонска бригада“, во близина на „Раде Кончар“ во насока кон Транспортен центар.

Слични содржини