Почина легендарен фудбалер на Арсенал и Ливерпул

од Nikola Popovski
378 прегледи

Реј Кенеди, легендарниот фудбалер на Арсенал и Ливерпул, почина на 70-годишна возраст.

Кенеди важеше за еден од најдобрите играчи во Англија во 70-тите и 80-тите години на минатиот век.

По Ливерпул и Арсенал, Кенеди настапуваше за Свонси и Хартлпул, по што ја заврши својата 15-годишна кариера во нисколигашот Ешингтон.

Во дресот на репрезентацијата на Англија одигра 17 натпревари на кои постигна три гола.

По завршувањето на фудбалската кариера му била дијагностицирана Паркинсонова болест со која се борел до последниот ден од животот.

Фото: Tony Duffy/Allsport/Getty Images

 

Слични содржини