275
Стабилното парламентарно мнозинство е решена работа. Следниот чекор е изборот на претседател на СДСМ и потоа каква влада и мандатар ќе продолжат, вели директорот на „Пошта“, Јани Макрадули во емисијата „24 анализа“.
Според него, разговорите и пораките што доаѓаат од средбите меѓу Заев и Гаши покажуваат стабилно парламентарно мнозинство.
-Очекуваме ќе има нов претседател на СДСМ, после оставката на Заев. Мнозинството е дефинирано и најавата дека премиерот ќе се повлече кога ќе се дефинира стабилноста во Парламентот и Владата, ќе се случи. Не можете да зборувате за нешто сосема ново од еден концепт, кој што е добар за Македонија, а тоа е евроинтеграциите и „едно општество за сите“, истакна Макрадули.