229
Засега нема да се спроведува мерката со која се предвидуваше задолжителната вакцинација против ковид-19 за здравствените работици и мерката за јавната администрација која при одењето на работното место ќе требаше да прикаже сертификат џс примени вакцини или негативен ПЦР-тест направен на свој трошок еднаш неделно.
-Дојдовме до констатација дека се отвораат многу сериозни прашања во однос на тоа како евентуално би се казнил некој кој што нема да прифати да се вакцинира. Од друга страна тоа е голем финансиски товар. Ќе видиме каков ќе биде интересот и опфатот со вакцинација во следниот период со оваа препорака преку матичните лекари, објасни Филипче.