Утре рано пристигнуваат посмртните останки на граѓаните кои загинаа во Бугарија, ќе се оддава последна почит на плоштадот „Скендербег“

од Берта Китинска
164 прегледи

Утре, 3 декември, во 9 часот на меѓународниот аеродром Скопје, се очекува да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната несреќа во близина на Струма, Република Бугарија, соопштија од МНР.

По пристигнувањето, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

Во периодот од 10 до 13 часот, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег, како и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот, веднаш до плоштадот, во перидот меѓу 11 и 12 часот.

На самиот плоштад ќе биде поставен и видео ѕид, од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.

Слични содржини