Брилијантниот настап на Мохамед Салах од почетокот на сезоната доведе до подобрување на уште еден рекорд на Египќанецот.
Вчера, голгетерот на Ливерпул постигна два гола против Евертон, помагајќи му на својот тим да ја постигне најголемата победа во дербито на Мерсисајд во последните 39 години.
Салах веќе има постигнато 19 гола на 19 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања од почетокот на сезоната. Поточно во Премиер лигата, неговите голови се веќе 13, што е четири повеќе од Џејми Варди, кој е на второто место во рангирањето на најдобри стрелци во елитното англиско првенство.
На овие 13 гола Салах додаде и 8 асистенции, што значи дека од почетокот на сезоната придонесе за 21 гол за Ливерпул во лигата. А ова се бројки по само 14 одиграни кола.
Токму по овие показатели Салах го подобрува рекордот на Тиери Анри од сезоната 2004/05, кога асот на Арсенал имаше директен удел во 20 гола на неговиот тим во Премиер лигата по првите 14 кола. Тогаш Французинот се запиша 11 пати и направи девет асистенции за тој период.