Бугарскиот обвинител Бисер Михаилов и истражителот Маријан Маринов, кои ја водат истрагата за автобуската несреќа во Бугарија, ги открија причините за пожарот.
Маринов одби да ја открие причината за пожарот и рече дека „тоа ќе им го остави експертите” кои веќе ги имаат своите тези откако вчера повторно извршиле голема проверка на автобусот. Сепак, истражителот коментира дека големо парче од заштитната ограда навлегло во автобусот во пределот на предната гума до предната врата, а резервоарот кој бил пластичен е целосно уништен.
Истражителот додаде дека автобусот бил стар и бил на „ремонт“ во Турција, при што целата опрема е сменета и останува да се види дали новата е „нефабричка“.
-Во автобусот немало експлозив, категоричен е Михаилов повикувајќи се на проверката на остатоците од автобусот.
-Нема податоци за туби со бензин, а теориите дека имало „материјали за производство на дрога“ според него не заслужуваат ни коментар, вели обвинителот во интервју за бугарската „БТВ“.
Според Маринов, не може да се обвинува лошата состојба на заштитната ограда, која според експертите не била поставена според барањата.
Тој додава дека првичната теза за причините за несреќата останува возачка грешка.
-Вршиме увид на инфраструктурата. Констатирани се одредени проблеми и недоследности, но возачот мора да ги има предвид патот и условите на патот при возење, особено кога врне дожд, а видливоста е намалена“, изјави истражителот Маринов и додава дека до Божиќ можеби ќе имаат резултат откако ќе им го достават заклучокот од вештачењето.