Димитров за бугарското вето: Подобро да бидеме изненадени од добар исход, отколку разочарани од лош исход

од Nikola Popovski
196 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров смета дека после изминатиот период од „циклуси на надеж, па разочарување, па надеж“, одговорно е да им кажат на граѓаните дека подобро е да бидеме изненадени од добар исход, отколку разочарани од лош исход, околу европскиот пат на Македонија и ветото на Бугарија.

-На само неколку дена од Советот за општи работи на 14-ти декември, би било крајно неодговорно да создаваме очекувања за тогаш, вели Димитров во интервју за „Клан Македонија“.

Според него, нас како држава ни се брза.

-Влогот е голем и за нас и за ЕУ. Вложивме многу во европската приказна. Дури и ЕК вели ако не почнат преговори со Македонија и Албанија, во регионот веќе нема да им веруваат. Имаме силни аргументи дека сме држава што решава прашања и има таква храброст и визија, рече Димитров.

Слични содржини