Директорот на ТИРЗ и можен кандидат за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека СДСМ ќе излезе посилен после процесот на внатрепартиски избори.
„Во партијата има храбри луѓе, и луѓе кои не се плашат од предизвици. Има луѓе кои се подготвени да го носат бремето на одговорноста во вакво сериозно време“, посочи Деспотовски.
Во врска со кандидатурата Деспотовски вели дека ќе се консултира со семејството.
-Одлуката е само моја и ќе се консултирам со моето семејество и ќе го почитувам нивното мислење, затоа што и тие влегуваат со мене, доколку станам лидер на партијата, рече Деспотовски во емисијата „Клик плус“.
Тој вели дека не зборувал, ниту се консултирал со премиерот Зоран Заев околу неговата одлука, ниту дека контактирал и барал мислење од поранешните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, Радмила Шекеринска и Владо Бучковски.
-Роден сум во Скопје, израснав тука. Долго време сум бил дел од партијата, уште од времето на Црвенковски. Ги познавам работите во партијата, потенцира Деспотовски и додава:
-Ако има повеќе кандидати, можен е втор круг на внатрепартиските избори. Ако една личност не освои повеќе од половина гласови, тогаш најдобрите двајца ќе одат во втор круг. Тоа го предвивува статутот на партијата.