Семејствата со солзи, војниците ги пренесуваат посмртните останки

од Берта Китинска
295 прегледи

Во моментов со највисоки државни почести се преземаат телата на 45 македонски државјанаи кои трагично го загубија својот живот во автобуската несреќа која се случи во Бугарија.

Семејствата кои се на скопскиот аеродром се во шок и неверување, со солзи  во очите додека македонските војници ги пренесуваат посмртните останки до комбињата на погребалната служба.

На аеродромот присуствуваат претрседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Благој Бочварски, пратеници и поглаварот на Исламската верска заедница.

На плоштадот Скендербег во Скопје веќе се поставени венци по повод пристигнувањето на 45-те жртви во страшната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Граѓаните кои сакаат да оддадат почит, имаат можност тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот.

Во несреќата на патнички автобус со скопски регистарски таблички, што се случи на 23 ноември на патот „Струма“, близу градот Перник, загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени. Туристичкиот автобус, во кој главно имало македонски државјани, се запали ноќта меѓу 22 и 23 ноември на враќање од Истанбул во Скопје.

Слични содржини