Атанасов: Ковачевски ќе ја предводи и Владата

од Nikola Popovski
351 прегледи

Интересен е составот на луѓето шо поднесоа кандидатура од тоа што може да се согледа. Еден е најсериозен кандидат, кој ужива поддршка од премиерот во заминување и го придружува на средбите со Алтернатива, вели поранешниот заменик-министер за образование, Петар Атанасов, алудирајќи на Димитар Ковачевски.

Тој вели дека некој одредил какви квалификации и треба на паријата, за да може да ја носи и неа и владата.

-Веројатно човекот што ќе ја добие довербата, ќе ја предводи и владата. Има можност да ги направи истите грешки, но има и шанса да постави влада со поголема поддршка во јавноста и има шанса да седне и разговара со опозицијата, потенцира Атанасов, во емисијата „Само вистина“.

Според него, некој од кандидатите за лидер на СДСМ само се позиционираат, а некој сериозно носат поддршка од општинските организации.

 

Слични содржини