262
Новиот напаѓач на Барселона, Мемфис Депај, многу брзо се приклучи на тимот и со 8 гола и 2 асистенции во Ла Лига покажа дека е подготвен да поведе во нападот по заминувањето на Лионел Меси.
Сепак, во саботата против Бетис, поранешниот играч на Лион тотално разочара и доби многу критики – како од навивачите на социјалните мрежи, така и од тренерот Чави Ернандез.
Статистиката покажува дека Мемфис го загубил поседот на топката 20 пати. Не упати ниту еден прецизен удар кон голот, ниту еднаш не дрибла успешно, а вкупните прецизни додавања му беа само 24.
Сепак, Холанѓанецот остана на теренот во текот на целиот натпревар, а Барса загуби со 0:1.