Американската амбасада во Македонија денеска информираше дека заменик-помошникот на Државниот секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар ќе претстојува во земјава.
-Го поздравуваме пристигнувањето на специјалниот претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, во Скопје. За време на посетата, г.Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери од Македонија да разговараат за повеќе теми и заеднички приоритети за регионот, велат од амбасадата на САД.
Тој важи за одличен познавач на Балканот, а велат дека е непристрасен дипломат.
Две години, од август 2019 година, Ескобар беше заменик -амбасадор на САД во Белград, до доаѓањето на Ентони Годфри го раководеше американското дипломатско претставништво во Србија.
Тој го замени Метју Палмер на функцијата.