Експерт: Подгответе се за најголемата светска енергетска криза во последниот половина век

од Nikola Popovski
318 прегледи

Цените на гасот и нафтата би можеле да достигнат нов максимум оваа зима, доколку се оствари прогнозата за студена зима. Во тој случај енергетската криза во светот ќе го достигне својот врв, изјави директорот за инвестиции на „Саксо банка“, Стин Јакобсен.

„Мислам дека оваа зима ќе бидеме сведоци на врвот на енергетската криза. Такво нешто не сме доживеале од 1973 година. Но, оваа зима, ќе се соочиме“, рече тој.

Јакобсен смета дека тоа ќе ја зголеми цената на нафтата.

„Не би бил изненаден ако цената на нафтата биде над 100 долари за барел во првиот квартал од 2022 година“, рече тој.

Сепак, енергетската криза би можела да заврши истата година.

„Јас не сум метеоролог, се разбира, но гледајќи ги долгорочните прогнози, постои голема веројатност зимата да биде многу студена. Во тој случај ќе почнат да растат цените на природниот гас, нафтата и течниот природен гас, бидејќи залихите се многу мали. Ова е еден вид идеална бура. Односно, нивото на залихите е ниско, времето е студено и затоа цените се високи. Колку далеку можат да одат? Се разбира, само повеќе“, рече тој.

Според мислењето на експертот од Саксо банка, паузата во нестабилноста (опсегот и брзината на движењето на цените) на гасот, што е забележан неодамна, е привремен.

„Гледаме изгледи за уште повисоки цени, како во Азија, така и во Америка и Европа“, заклучи тој.

Претходно „Газпром“ соопшти дека не очекуваат големо намалување на цената на гасот во Европа во наредните месеци, но неговата цена од околу 1.000 долари за 1.000 кубни метри не е одржлива.

Слични содржини