Бочварски за автобуската несреќа: Институциите ќе дадат одговор каде бил пропустот

од Берта Китинска

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека институции ќе дадат одговор за каде  бил пропустот и согласно тоа секој ќе си понесе одговорност за сообраќајната несреќа која се случи во Бугарија каде загинаа 45 лица.

-За одговорноста за автобуската несреќа има институции што работат и истражуваат, на крај ќе дадат одговор каде бил пропустот и согласно тоа секој ќе си понесе одговорност, Со издавањето на лиценците е целосно непречено до овој момент, лиценци се издавани за компани кои побарале да вршат таква дејност, како и изводи од лиценци за сите кои побарале да добијат таков документ за своите возила за да патуваат и да вршат одредена дејност, кажа министерот.

Ги поверивме, наведе Бочварски, двајцата возачи кои го возеле автобусот, а кога ќе добиеме информација од надлежен орган или институција, од Обвинителството или од Министерството за внатрешни работи, кои се другите возачи кои поминувале веднаш ќе ги провериме  во базата на податоците, рече Бочварски.

-Веќе ги дадовме, дополни, сите документи во Обвинителството кои ги има нашата база на податоци, а се однесуваат за ова правно лице. Стоиме на располагање на истрагата и не би сакал Министерството  да се претвори во истражен орган и да лицитираме со секакви информации. Важно е истрагата да тече согласно процедурите  и тоа што ќе го каже Обвинителството, а ние да бидеме тука поддршка и да ги даваме сите потребни документи и информации. Сметам дека во целиот период доста брзо ја информиравме јавноста. Се она што го имавме како  информација од нашите бази на податоци ја дадовме до јавноста, наведе Бочварски.

Слични содржини