282
Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците денеска на прес конференција во Собранието истакна дека нивната партија е изненадена од ваквиот чекор на нивниот досегашен политички партнер – Алтернатива.
– Ние сме изненадени од овој чекор на нашиот досегашен коалициски партнер, истакна Азири коментирајќи ја одлука на Алтернатива да се приклучи кон Владата.
Тој истакна дека во наредните денови претседателството на партијата ќе преземе став како ќе поставува околу коалцијата што ја имаат со Алтернатива на локално ниво.
На денешната прес конференција беше соопштено дека Илире Даути е избрана за координаторка на пратеничката група на Алијансата за Албанците.